Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид стабилно, со температура до 28 степени.

И во среда не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, амаксималната ќе достигне до 28 степени.

Г.М.