Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Охрид времето денес сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура до 22 степени.
Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
OhridNews