Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура до 24 степени.

Под влијание на влажен бран во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70 km/h). Од вторник ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.

OhridNews