Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Претпладне во крајните источни делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
OhridNews











