Утрово во најголемиот дел од земјава времето е сончево со мала локална облачност, а по одделни котлини и речни долини има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 27 степени.
Во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и засилен ветер. Во деновите потоа ќе настапи стабилизирање на времето.
OhridNews