Утрото постудено со услови за утринска магла по одделни котлини. Преку денот претежно облачно со сончеви периоди во попладневните часови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

OhridNews