Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
OhridNews











