Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура до 9 степени.

Утре ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.

OhridNews