Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен утре кога ќе има повремени локални врнежи од дожд, а по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
OhridNews











