Сончево со мала до умерена облачноста. Во крајните западни и северни делови ќе има зголемена облачност со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h).
Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h), денес, а особено утре ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во петок ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе биде во постепен пораст.
OhridNews