Времето претпладне ќе биде сончево и претежно тивко, а попладне со мала до умерена облачност. По котлините ќе биде магливо и постудено. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

Како што соопшти УХМР, в четврток ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер. В петок и в сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег.

OhridNews