Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала, a во југозападните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Утре времето ќе биде сончево и топло со дневна температура која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Од вторник повторно следува стабилно и потопло време.

OhridNews