Сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура до 21 степен.
Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. До петок дневните температури ќе бидат во пораст, а во деновите од викендот ќе опаднат за неколку степени.
OhridNews