Претпладне во северните и централните делови ќе биде променливо облачно, а во текот на денот насекаде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој наместа ќе достигнува брзина над 60 km/h.
Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
Следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
OhridNews