Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во северозападните планински подрачја ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура. Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

OhridNews