Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Охрид времето ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степен.

Времето во наредните денови ќе биде стабилно и суво. Во деновите од викендот ќе дува засилен, а вдолж поширокото Повардарие и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст.

OhridNews