Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
OhridNews











