Претпладне сончево, попладне облачноста ќе се зголеми. Поради продор на постуден воздух од север кон крајот на денот и во текот на ноќта во северните и западните делови ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа засилен ветер од северен правец.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачаност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 3 степени. Утринава измерени -3 степени.

Под влијание на студена воздушна маса утре ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови дневната температура на повеќе места да остане под нула степени. И во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го промени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот времето ќе променливо облачно со пораст на температурата.

OhridNews