Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 30 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневната температура до четврток ќе биде во опаѓање, а од петок во постепен пораст.
OhridNews