Времето денес сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степени.

Според УХМР, утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.

OhridNews