Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индекспот ќе биде 8.
Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степени.
Од УХМР известуваат дека во следните денови ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во попладневните часови ќе има локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови.
OhridNews