Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Охрид сончево со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Минималната температура до 15 степени, а максималната до 32.
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.
OhridNews