Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност и слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

Утре ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со денешните.

OhridNews