Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 30 до 41 степен.
Во Охрид времето денес сончево со мала облачност и слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура насекаде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Утре во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.
OhridNews