Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утре ќе се задржи многу топло време, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, а претпладне ќе има услови за локална нестабилност. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата.
OhridNews
					



							






