Утрово во 7 часот во Охрид е измерена температура од 1 степен Целзиусов. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 13 степени.
Во понеделник не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2 степени, а максималната ќе достигне 15 степени.
Г.М.











