Времето наутро во земјава ќе биде студено, на повеќе места со негативни температури и со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од – 4 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

И во среда ќе се задржи претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.
OhridNews












