Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во текот на утрешниот ден времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветар, а во западните делови повремено ќе дува засилен западен ветер. Минималната температра во Охрид ќе биде -2, а максималната 10 степени.

Слично време не очекува и во текот на викендот. Ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во западните делови ќе има појава на зголемена облачност. И за време на викендот максималната температура во Охрид ќе биде 10 степени.

OhridNews