Времето во земјава претпладне же биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 км/час кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Овој продор на студен воздух ветер ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Утре поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а долж поширокото Повардарие повремено силен северен ветер (над 60 км/час) што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови. Во деновите потоа ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурата тогаш ќе биде во пораст.
OhridNews












