Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

 

 

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

До крајот на неделава времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, освен во сабота, кога кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во почетокот на следната седмица, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, засилен ветер и опаѓање на температурата, велат од УХМР.

OhridNews