Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.
Во Охрид времето сончево. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Од утре до сабота ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен јужен ветер. Промена на времето со повремени врнежи од дожд се очекува в недела и понеделник, кога ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
OhridNews