Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 28 до 38 степени.
Во Охрид времето денес сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од утре до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
OhridNews