Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 29 до 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
OhridNews











