Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во Охрид времето денес сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

До сабота (26.07) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

OhridNews