Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Охрид сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 37 степени.

Утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

OhridNews