Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Охрид денес времето сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
До крајот на работната седмица и за време на викендот ќе се задржи стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди.
OhridNews