Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од северен правец, минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степена, информираат од УХМР.

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во сабота ќе преовладува претежно сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

OhridNews