Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 18 степени.
Утре кон крајот на денот и во петок под влијание на влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.
OhridNews