Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до седум степени.

Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, особено во првите денови од следната седмица, кога наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h.)

OhridNews