Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 18 до 25 степени.

Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната до 21 степени.

За утре синоптичарите најавуваат претежно сончево и топло време со изолирана појава на дожд и грмежи попладне. Во понеделник се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.

OhridNews