Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и услови за дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура до 20 степени.
Под влијание на влажен бран, кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2). На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Денес ќе дува умерен до засилен југоисточен, а утре северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.
OhridNews