Денеска во Охрид ќе биде сончево со мала до умерeна облачност, додека во попладневните часови се очекува локален дожд и грмежи.

Како што информираат од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималните дневните температури во земјва ќе се движат во интервал од 28 до 36 целзиусови степени.

За наредните денови се очекува стабилизација и сончево време со мала умерена облачност, а максималните дневни температури во Македонија ќе се движат до 38-миот степен.

OhridNews