Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 28 до 36 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во утре и во сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
OhridNews











