Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови од земјава ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 27 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот.

OhridNews