Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Според прогнозите на синоптичарите, во текот на оваа недела претежно во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура.
OhridNews











