Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.
Во Охрид сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 31 степени.
До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата, велат УХМР.
OhridNews