Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 32 степени.
Во понеделник не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и посвежо. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната дневна ќе достигне 30 степени.
Г.М.