Времето денеска во утринските часови ќе биде многу студено, а преку ден сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната од 3 до 10 степени.

Во Охрид ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 5 степени.

За недела, синоптичарите најавуваат зголемена облачност и умерен до засилен северен ветер, како и услови за локален слаб снег на планините. Од понеделник следува период на стабилно време со пораст на утринските и дневните температури.

OhridNews