Времето денеска наутро ќе биде умерено до значително облачно, особено во западните делови. Уште од претпладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус седум до минус еден, а максималните ќе достигнат од четири до 12 степени.

Во Охрид времето сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до минус три, а максималните ќе достигнат до шест степени.

Следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневната температура. Во вторник ќе дува засилен ветер од северен правец.

OhidNews