Најстудено утрово е во Берово и на Попова Шапка со -16 степени, во Маврово се измерени -13, во Битола и Скопје -12, Штип и Крушево -11, Припеп и Струмица -10, Охрид -7 и во Гевегелија и Дојран -5 степени. Најмногу снег има на Попова Шапка 46 сантиметри, во Маврово 18, а четири во Крушево.

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени, соопшти УХМР.

Во Охрид сончево и студено со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне еден степен.

И во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и студено време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег ќе има во недела.

OhridNews